Хотел Памела во Неготино е основан во 2011 година. Идеално лоциран во централна Македонија, на излезот на автопатот Е-75 кон Неготино, 70 km од границата со Грција на југ и 120 km оддалечен од границата со Србија на север. Хотел Памела е на 100 метри оддалеченост од автопатот Е-75. Автобуската станица во Неготино се наоѓа на 100 метри оддалеченост од Хотел Памела, што е уште една голема можност за гости на кои им треба овој вид на услуга. Хотел Памела се наоѓа на 800 метри од центарот на градот.
Хотел Памела за многу кратко време покажа одлични резултати во хотелиерството во регионот. Несомнено дали го посетувате Неготино за бизнис или задоволство или пак сте на поминување, добро уредените соби во Хотел Памела ќе ги задоволат сите ваши потреби.
Хотел Памела Ви нуди незаборавен престој, комфорт и одмор во нашите стилско декорирани еднокреветни, двокреветни, трокреветни, четворокреветни соби и студија, брза и квалитетна услуга, HD телевизија со IPTV канали, клима уред, бесплатен интернет, летна тераса, бесплатен приватен паркинг, базен и бензинска пумпа со 24ч отворен мини маркет. До Хотел Памела веднаш се наоѓа ново отворениот Мексикански бар и ресторан Сењор Труко.
Неготино е познат како вински регион, па во текот на престојот во Хотел Памела ќе имате можност да ги вкусите највкусните вина во земјата и на Балканот.
Рецепцијата на хотелот е достапна 24 часа дневно да одговори на вашите барања во било кој период од денот.
Хотел Памела е добар избор за сите оние кои сакаат да патуваат, кои бараат мирно место за одмор за време на нивното патување во Македонија.